• Пон.- Саб. 8.00 - 18.00
  • Н. Ј. Вапцаров бр.3/2 MK, Делчево 2320
  • 072 714 474

Shop

KM330 DXL ALF светло сив

86.000,00 ден

Ознаки на чамецот:
KM – чамец  со вградена даска за мотор (транец),
D – кобилица на надувување,
ALF – алуминиумски под,
XL – explorer

Description

     Ви ги претставуваме новиоте модели чамци за  2021 г. од серијата  XL или т.нар. Explorer. Ова се серија чамци со кобилица на надувување ,подобрен дизајн,продолжен внатрешен простор (кокпит) подобрена пловидба, стабилност и висок капацитет на товар. Серијата е достапна во светло сива боја и има избор помеѓу модели со тврдо дно на надувување (AIR DECK) и класична верзија на алуминиумско дно. Одличен избор за семејни прошетки и одмори, како и за риболов или професионална употреба.

Серијата DXL се одликува со кобилица на надувување, 3  комори со големина од 44cm и ширина од 170cm

Сите серии на чамци од програмата на KOLIBRI користат мотори со кратка чизма S-381mm.

Цврстото дно е изработено од алуминиум и прекриено со антилизгачки слој за поголема безбедност. Зглобот е засилен со алуминиумски странични профили за поголема флексибилност.

Изработено од 5-слоен PVC материјал VALMEX- Германија со UV заштита и густина (јачина) од 1100 гр./м2 овој  чамец е безбеден и сигурен дури и кога условите се неповолни.

Секој спој е направен со употреба на технологија Термо шев. Ова создава моќна неуништлива врска помеѓу балоните, посилна од која било друга.

Дополнителни додатоци како сврзувачки елементи за прицврстување, безбедносно јаже, удобни рачки за лесно пренесување, гумена заштитна лента на коморите од страна, на кобилицата и на даската за мотор и други додатоци кои зборуваат за врвна изработка.

Ознаки на чамецот:
KM – чамец  со вградена даска за мотор (транец),
D – кобилица на надувување,
ALF – алуминиумски под,
XL – Explorer (истражувач)

Отстранливи даски (клупи) што можат лесно да се постават според потребите и бројот на патници.

 

 

Цврсто алуминиумско дно, засилено со алуминиумски профили и споеви за максимална јачина, помала тежина и подолг век на траење.

 

 

 

Заштитен вентил 2бр. од висок притисок кој реагира ако дојде до пренадуваност на комората како резултат на зголемување на температурата на воздухот. Овој вентил го штити чамецот од дефекти и го продолжува неговиот век на траење.

 

 

 

За да се осигура подобар комфорт  даската (клупата) за седење можеме да ја местиме  по должина.

 

 

 

Напредно и практично заклучување на веслата, ја исклучува можноста истите да бидат изгубени.

 

 

Даска за мотор  цврсто залепена за страните на чамецот и дополнително појачана со гума за поголема  цврстина.

 

 

 

Материјал направен од комбинација на PVC слоеви, текстил за армирање, лепак и  UV заштита.

 

 

Спецификација:

Размер 330 x 170 см
Размер на соберен чамец 115 х 60 х 40 см
Диаметар на комори 44 см
Број на комори 3+1
Тежина на чамец 70 кг
Носивост 550 кг
Број на патници 4
Дозволен мотор 15 к.с.
Класа на пловност СЕ C

Комплетот вклучува:

  • Чамец,
  • Весла: 2 бр.,
  • Даска за седење: 2 бр.,
  • Тврдо дно алуминиумско,
  • Ножна пумпа,
  • Комплет за ремонт,
  • Торба за транспорт,
  • Сертификат, упатство за работа и гаранција 36 месеци.