• Пон.- Саб. 8.00 - 18.00
  • Н. Ј. Вапцаров бр.3/2 MK, Делчево 2320
  • 072 714 474

Shop

KM360 DSL ALF ( светло сив,темно сив)

76.000,00 ден

Ознаки на чамецот:
KM – чамец  со вградена даска за мотор (транец),
D – кобилица на надувување,
ALF – алуминиумски под,
SL – форма на комората позади.

Description

Одлична серија морски чамци за големи брзини. Високиот борд, комори (од 42 см) и кобилицата на надувување во форма на V ги прават овие чамци отпорни на високите морски бранови, силен ветар и да се одржи насоката на движење. Сите чамци од серијата DSL се со сферични комори.

Цврстото дно е изработено од алуминиум и прекриено со антилизгачки слој за поголема безбедност. Зглобот е засилен со алуминиумски странични профили за поголема флексибилност.

Изработено од 5-слоен PVC материјал VALMEX- Германија со UV заштита и густина (јачина) од 1100 гр./м2 овој  чамец е безбеден и сигурен дури и кога условите се неповолни.

Секој спој е направен со употреба на технологија Термо шев. Ова создава моќна неуништлива врска помеѓу балоните, посилна од која било друга.

Дополнителни додатоци како сврзувачки елементи за прицврстување, безбедносно јаже, удобни рачки за лесно пренесување, гумена заштитна лента на коморите од страна, на кобилицата и на даската за мотор и други додатоци кои зборуваат за врвна изработка. Стандардни бои на чамците зе зелена и сива за избор на друга боја дополнително се наплаќа (темно сива, портокалово сива, сино сива, сина + 6500ден) за маскирна боја (+7200ден).

Ознаки на чамецот:
KM – чамец  со вградена даска за мотор (транец),
D – кобилица на надувување,
ALF – алуминиумски под,
SL – форма на комората позади.

Отстранливи даски (клупи) што можат лесно да се постават според потребите и бројот на патници.

 

 

Цврсто алуминиумско дно, засилено со алуминиумски профили и споеви за максимална јачина, помала тежина и подолг век на траење.

 

 

 

Заштитен вентил 2бр. од висок притисок кој реагира ако дојде до пренадуваност на комората како резултат на зголемување на температурата на воздухот. Овој вентил го штити чамецот од дефекти и го продолжува неговиот век на траење.

 

 

 

За да се осигура подобар комфорт  даската (клупата) за седење можеме да ја местиме  по должина.

 

 

 

Напредно и практично заклучување на веслата, ја исклучува можноста истите да бидат изгубени.

 

 

Даска за мотор  цврсто залепена за страните на чамецот и дополнително појачана со гума за поголема  цврстина.

 

 

 

Материјал направен од комбинација на PVC слоеви, текстил за армирање, лепак и  UV заштита.

 

 

Спецификација:

Размер 360 x 160 см
Размер на соберен чамец 100 х 65 х 50 см
Диаметар на комори 42 см
Број на комори 4+1
Тежина на чамец 61,4 кг
Носивост 632 кг
Број на патници 5
Дозволен мотор 20 к.с.
Класа на пловност СЕ C

Комплетот вклучува:

  • Чамец,
  • Весла: 2 бр.,
  • Даска за седење: 2 бр.,
  • Тврдо дно алуминиумско,
  • Ножна пумпа,
  • Комплет за ремонт,
  • Торба за транспорт,
  • Сертификат, упатство за работа и гаранција 36 месеци.