Description
Напредна серија на чамци со кобилица погодни за поголеми езера или отворена вода. Кобилицата на надувување вградена во долниот дел го создава потребниот профил во форма на V за да се одржи насоката на патување дури и при големи ветрови. Опремено со дрвено дно од неколку посебни даски прицврстени со алуминиумски странични профили за поголема цврстина. Петслоен PVC материјал со UV заштита и густина (јачина) од 950 гр./м2. Овој чамец е безбеден и сигурен дури и кога условите се неповолни. Секој спој е направен со употреба на технологија Термо шев. Ова создава моќна неуништлива врска помеѓу балоните, посилна од која било друга. Дополнителните додатоци како што се: сврзувачки елементи за прицврстување, безбедносно јаже, удобни рачки за лесно пренесување, гумена заштитна лента на коморите од страна, на кобилицата и на даската за мотор и дополнителните додатоци зборуваат за врвната изработка.
Даски (клупи) што можат лесно да се постават според потребите и бројот на патници.
Тврдо дно од повеќе даски со алу-профили за поголема цврстина. Лесна инсталација и максимална удобност.
Заштитен вентил од висок притисок кој реагира ако дојде до пренадуваност на комората како резултат на зголемување на температурата на воздухот. Овој вентил го штити чамецот од дефекти и го продолжува неговиот век на траење.
За да се осигура подобар комфорт даската (клупата) за седење можеме да ја местиме по должина.
Напредно и практично заклучување на веслата, ја исклучува можноста истите да бидат изгубени.
Даска за мотор цврсто залепена за страните на чамецот и дополнително појачана со гума за поголема цврстина.
Тврдо дно (тип книга) на преклопување што го покрива целиот чамец, а секој дел од дното е поврзано со друг дел преку мобилна врска. Лесна инсталација и максимална удобност.
Материјал направен од комбинација на PVC слоеви, текстил за армирање, лепак и UV заштита.
Спецификација:
Размер | 280 x 160 см |
Размер на соберен чамец | 103 х 68 х 40 см |
Диаметар на комори | 39 см |
Број на комори | 3+1 |
Тежина на чамец | 50 кг |
Носивост | 351 кг |
Број на патници | 2 |
Дозволен мотор | 5 к.с. |
Класа на пловност СЕ | C |
Комплетот вклучува:
- Чамец,
- Весла: 2 бр.,
- Даска за седење: 2 бр.,
- Тврдо дно, дрвено со алуминиумски профили,
- Ножна пумпа,
- Комплет за ремонт,
- Торба за транспорт,
- Сертификат, упатство за работа и гаранција 36 месеци.