Description
Една практична серија на чамци, погодна за употреба со весла или мотор. Здрав 5 слоен PVC материјал со UV заштита и густина (јачина) – 950 гр./м2. Сите лепења се направени со технологијата Термо шев, која го прави неуништлив и траен. Даската за мотор е дел од конструкцијата на чамецот и обезбедува поголема сигурност и употреба на поголеми мотори во зависност од моделот. Подвижните даски (клупи) за седење овозможуваат подесување по должина.Чамецот КМ 330 е предвиден за 4 патници , долг е 330cm а широк 160cm.Внатрешна должина на чамецот е 233cm, а ширина 76cm.
Заштитен вентил од висок притисок кој реагира ако дојде до пренадуваност на комората како резултат на зголемување на температурата на воздухот. Овој вентил го штити чамецот од дефекти и го продолжува неговиот век на траење.
За да се осигура подобар комфорт даската (клупата) за седење можеме да ја местиме по должина.
Напредно и практично заклучување на веслата, ја исклучува можноста истите да бидат изгубени.
Ролер за сидро поставен на предниот дел од чамецот и елементи за врзување на јажето.
Тврдо дно на преклопување составено од одделни даски, со тоа се подобрува стабилноста и дозволува лесно да се исправите и да одржувате рамнотежа. Но, истовремено тоа е лесно и компактно.
Даска за мотор цврсто залепена за страните на чамецот и дополнително појачана со гума за поголема цврстина.
Спецификација:
Размер | 330 x 160 см |
Размер на соберен чамец | 110 х 65 х 50 см |
Диаметар на комори | 42 см |
Број на комори | 3 |
Тежина на чамец | 36,6 кг |
Носивост | 480 кг |
Број на патници | 4 |
Дозволен мотор | 12 к.с. |
Класа на пловност СЕ | C |
Комплетот вклучува:
- Чамец,
- Весла: 2 бр.,
- Даска за седење: 2 бр.,
- Тврдо дно тип на преклопување,
- Ножна пумпа,
- Комплет за ремонт,
- Торба за транспорт,
- Тежина на пакет 43kg,
- Сертификат, упатство за работа и гаранција 36 месеци.