Description
Една практична серија на чамци, погодна за употреба со весла или мотор. Здрав 5 слоен PVC материјал (потекло Германија,Јужна Кореа) со UV заштита и густина (јачина) – 950 гр./м2. Сите лепења се направени со технологијата Термо шев, која го прави неуништлив и траен. Даската за мотор е дел од конструкцијата на чамецот и обезбедува поголема сигурност и употреба на поголеми мотори во зависност од моделот. Подвижните даски (клупи) за седење овозможуваат подесување по должина.Чамецот КМ 300 е предвиден за 3 патници , долг е 300cm а широк 160cm.Внатрешна должина на чамецот е 202cm, а ширина 76cm.
Заштитен вентил од висок притисок кој реагира ако дојде до пренадуваност на комората како резултат на зголемување на температурата на воздухот. Овој вентил го штити чамецот од дефекти и го продолжува неговиот век на траење.
За да се осигура подобар комфорт даската (клупата) за седење можеме да ја местиме по должина.
Напредно и практично заклучување на веслата, ја исклучува можноста истите да бидат изгубени.
Ролер за сидро поставен на предниот дел од чамецот и елементи за врзување на јажето.
Тврдо дно (тип книга) на преклопување што го покрива целиот чамец, а секој дел од дното е поврзано со друг дел преку мобилна врска. Лесна инсталација и максимална удобност.
Даска за мотор цврсто залепена за страните на чамецот и дополнително појачана со гума за поголема цврстина.
Спецификација:
Размер | 300 x 160 см |
Размер на соберен чамец | 100 х 57 х 40 см |
Диаметар на комори | 42 см |
Број на комори | 3 |
Тежина на чамец | 40,5 кг |
Носивост | 400 кг |
Број на патници | 3-4 |
Дозволен мотор | 8 к.с. |
Класа на пловност СЕ | C |
Комплетот вклучува:
- Чамец,
- Весла: 2 бр.,
- Даска за седење: 2 бр.,
- Тврдо дно тип (книга),
- Ножна пумпа,
- Комплет за ремонт,
- Торба за транспорт,
- Тежина на пакет 43kg,
- Сертификат, упатство за работа и гаранција 36 месеци.