• Пон.- Саб. 8.00 - 18.00
  • Н. Ј. Вапцаров бр.3/2 MK, Делчево 2320
  • 072 714 474

Shop

KM280 D (зелен)

Ознаки на чамецот:
KM – чамец со вградена даска за мотор (транец),
D – кобилица на надувување.

Description

Напредна серија на чамци со кобилица погодни за поголеми езера или отворена вода. Кобилицата на надувување вградена во долниот дел го создава потребниот профил во форма на V за да се одржи насоката на патување дури и при големи ветрови.  Опремено со дрвено дно од неколку посебни даски прицврстени со алуминиумски странични профили за поголема цврстина. Петслоен PVC материјал со UV заштита и густина (јачина) од 950 гр.2. Овој чамец е безбеден и сигурен дури и кога условите се неповолни. Секој спој е направен со употреба на технологија Термо шев. Ова создава моќна неуништлива врска помеѓу балоните, посилна од која било друга. Дополнителните додатоци како што се: сврзувачки елементи за прицврстување, безбедносно јаже, удобни рачки за лесно пренесување, гумена заштитна лента на коморите од страна, на кобилицата и на даската за мотор и дополнителните додатоци зборуваат за врвната изработка.

Даски (клупи) што можат лесно да се постават според потребите и бројот на патници.

 

 

Тврдо дно од повеќе даски со алу-профили за поголема цврстина. Лесна инсталација и максимална удобност.

 

 

 

 

Заштитен вентил од висок притисок кој реагира ако дојде до пренадуваност на комората како резултат на зголемување на температурата на воздухот. Овој вентил го штити чамецот од дефекти и го продолжува неговиот век на траење.

 

 

 

За да се осигура подобар комфорт  даската (клупата) за седење можеме да ја местиме  по должина.

 

 

 

Напредно и практично заклучување на веслата, ја исклучува можноста истите да бидат изгубени.

 

 

Даска за мотор  цврсто залепена за страните на чамецот и дополнително појачана со гума за поголема  цврстина.

 

 

Тврдо дно (тип книга) на преклопување што го покрива целиот чамец, а секој дел од дното е поврзано со друг дел преку мобилна врска. Лесна инсталација и максимална удобност.

 

 

Материјал направен од комбинација на PVC слоеви, текстил за армирање, лепак и  UV заштита.

 

 

Спецификација:

Размер 280 x 160 см
Размер на соберен чамец 103 х 68 х 40 см
Диаметар на комори 39 см
Број на комори 3+1
Тежина на чамец 50 кг
Носивост 351 кг
Број на патници 2
Дозволен мотор 5 к.с.
Класа на пловност СЕ C

Комплетот вклучува:

  • Чамец,
  • Весла: 2 бр.,
  • Даска за седење: 2 бр.,
  • Тврдо дно, дрвено со алуминиумски профили,
  • Ножна пумпа,
  • Комплет за ремонт,
  • Торба за транспорт,
  • Сертификат, упатство за работа и гаранција 36 месеци.